Кина тестираше нов борбен авион што ќе ги освојува странските пазари (ВИДЕО)

Кина интензивно го тестира новиот „невидлив“ борбен авион ФЦ-31, наменет за домашното воено воздухопловство, но и за освојување на странските пазари, објави денес Чајна дејли.

Подобрениот авион ФЦ-31 гирфалкон, претходно познат како Ј-31, го имал својот прв официјален лет во петокот, на североистокот на Кина, каде што се наоѓа седиштето на државната компанија АВИЦ (Ејвиејшн индустри корп оф Чајна). Информацијата доаѓа во време на растечки тензии меѓу Кина и САД околу Тајван, откако следниот претседател на САД Доналд Трамп почна да се приближува кон властите на островот, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Кина во саботата јави дека дека за првпат го испратила во Тихиот Океан својот единствен носач на авиони „Лиаонинг“. Првата верзија на ФЦ-31 го имаше својот прв лет во октомври 2012 година, потсетува Чајна дејли.

Во споредба со прототипот, „новиот ФЦ-31 има подобрени особини за криење од радарите, подобрена електроника и може да носи повеќе товар“, изјави експертот Ву Пеиксин. Според него, „авионот е унапредено, полесно поманеврабилно оружје“.

Експертот на военото воздухопловство на Кина, Фу Чианшао, за Чајна дејли вели дека авионот е опремен со инструменти од најновата генерација, вклучувајќи електро-оптички визир во шлемот на пилотот. „Сметам дека тоа е авион со добра перспектива на пазарот“, изјави Фу, кој смета дека позитивна страна е и цената од 70 милиони долари, која е помала од цените на францускиот „рафал“ или европскиот „јурофајтер тајфун“ кои се продаваат за околу 100 милиони долари. Тој е и двојно поевтин од американскиот „Ф-35 лајтнинг 2“. Според весникот, тој може да достигне брзина од 1,8 мах и да носи осум тони оружје. Леталото може да носи шест ракети во трупот и уште шест под крилата.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе