Кина планира изградба на подводна база со која ќе управуваат паметни роботи

Кина ќе направи подводна база која ќе ја раководи вештачка интелигенција, односно со базата ќе управуваат само роботи.

Според информациите кои ги објави Саут Чајна морнинг пост, научници во Кинеската академија на науки планираат да конструираат подводна база на голема длабочина во Јужното Кинеско Море. Проектот предвидува базата целосно да ја водат роботи со вештачка интелигенција (АИ).

Подводната база би требало да стане „првата колонија на вештачка интелигенција на Земјата“, наведуваат научниците вклучени во проектот.

Научниците планираат изградба на база на длабочина меѓу 6.000 до 11.000 метри. Сѐ уште не е потврдена точната локација на базата. Како една од можните се спомнува Манилската бразда, чија длабочина надминува 5.000 метри. Проблемот е само што таму е забележана голема вулканска активност.

Во плановите се спомнува дека вештачката интелигенција ќе се напојува со кабли прикачени за брод или пловечка платформа.

Наведено е дека подводната база ќе изгледа како вселенска станица и ќе има платформи за пристанување на подводни возила. Подморниците со роботи ќе испловуваат во истражувачки мисии за да собираат податоци за изгледот на морето на големи длабочини и живите суштества таму.

Ќе се собираат и примероци на минералите од длабочините, чија структура самостојно ќе ја анализираат роботите во базата.

Океаните покриваат над 70 отсто од површината на Земјата, од кои луѓето истражиле едвај еден отсто од океанското дно. Тоа не е зачудувачко имајќи ги предвид неповолните услови и притисокот кој расте со длабочината.

„Голем предизвик е да се изгради колонија за роботи со вештачка интелигенција, и тоа на дното кое изгледа како друга планета. Таа технологија може да го измени светот“, изјави за Саут Чајна морнинг пост еден од научниците од проектот, осврнувајќи се на предизвиците за развивање материјали издржливи на високиот притисок во големите длабочини.

Ќарот од истражувањето на длабочините може да биде голем. На пример, истражувањето може да доведе до подобро разбирање на климатските промени, до откритие на нови лекови или до идентификување загрозени морски видови.

Почетните планови предвидуваат кинеската база даночните обврзници да ги чини околу 1,1 милијарди јуани (160 милиони американски долари).

Ова е само една од низата инвестиции во океанската инфраструктура на Јужното Кинеско Море. Кина планира и изградба на 20 пловечки нуклеарни централи за да ги зајакне своите воени и трговски капацитети. Завршувањето на првата од 20-те нуклеарки се планира за крајот на 2020 година.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе