Кина објави слики со чудна материја од темната страна на Месечината (ФОТО)

Кинескиот лунарен ровер Јуту-2 испрати до Земјата повеќе слики од „мистериозна супстанција во боја“, која ја открил во мал кратер на темната страна на Месечината, со која научната заедница е „опседната“ уште од јули.

Тимот на кинеската мисија Чанг'е-4, кој го управува роверот Јуту-2, тврди дека обликот и бојата на необичниот материјал, кој има структура на гел, „се значително поинакви од околната лунарна почва“ по второто поминување на Јуту-2 покрај кратерот во август (првото се сметаше за незадоволително бидејќи имаше премногу сенки на сликите).

Најновите фотографии биле направени од камерата за избегнување пречки на роверот, додека внимателно се приближувал до кратерот широк два метри, извор на необичната супстанција.

Црвените и зелените нијанси на сликата се резултат на употребениот инструмент ВНИС, кој ја детектира светлината додека таа се шири или се одразува од материјалите и ја открива нивната хемиска „шминка“, за разлика од бојата што произлегува од самата супстанција.

Иако вториот премин беше спроведен во август, резултатите не беа објавени сè до оваа недела.

Иако е рано да се каже што точно е супстанцијата, истражувачите како Клив Нил, лунарен научник на Универзитетот на Нотрдам, шпекулираат дека таа може да биде фрагменти од минерали споени заедно за да формираат црно сјајно стакло како резултат на ударите со голема брзина на лунарната површина, што би имало смисла, со оглед дека супстанцијата се наоѓа во кратер.

Досега Јуту-2 пропатува околу 285 метри откако слета на далечната страна на Месечината на 2 јануари. Кинеската мисија на 5 септември го заврши својот деветти лунарен ден. Лунарниот ден 10 ќе почне околу 22 септември за Јуту-2, а наредниот ден за лендерот. Лунарниот ден трае приближно две недели.

Објавено

Петок, Септември 20, 2019 - 17:04

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе