Кина лансираше вселенско летало: храна, опрема и гориво за станицата (ВИДЕО)

Кина во саботата лансираше товарно вселенско летало со опрема за својата идна вселенска станица во орбитата околу Земјата, објавија државните медиуми.

Фото: ЕПА

Ракетата „Долг марш“ со 14 тони со храна, опрема и гориво полета од рампата Венчанг на јужниот тропски остров Хаинан, објави новинската агенција Синхуа.

Вселенското товарно летало успешно се одвои од ракетата, влезе во орбитата околу Земјата и ги отвори соларните панели за напојување со струја, соопшти агенцијата повикувајќи се на Кинеската вселенска агенција (ЦМСА).

За изградбата на вселенската станица, наречена „Тиангонг“ (Небеска палата), ќе бидат потребни десетина лансирања на опрема.

Станицата треба да биде целосно функционална веќе следната, 2022 година, и се очекува да остане 15 години во ниската Земјина орбита.

По очекуваното исклучување на постојната, Меѓународната вселенска станица (ИСС) во 2028 година, „Тиангонг“ би можело да биде единствената станица со екипаж во орбитата на Земјата.

„Прво ќе го транспортираме потребниот материјал за поддршка, резервни делови и опрема, а потоа и екипажот“, најави директорот на ЦМСА Хао Чун.

Пекинг вложи милијарди во својата вселенска програма во обид да ги достигне пионерите во истражувањето на вселената - Русија и САД, со амбициозни планови во орбитата на Земјата и испраќање беспилотни летала на Месечината и на Марс.

Но Кина предизвика и жестоки критики, пред сѐ од САД и многу експерти, за потенцијално опасното кршење на правилата на однесување во вселената: во почетокот на мај дозволи голем дел од една искористена ракета да падне на Земјата откако во орбитата го однесе централниот дел на идната кинеска вселенска станица.

Иако кинеските власти постојано уверуваат дека се подготвени за меѓународна соработка во својата идна станица, сè уште не е јасно како би било тоа.

Но Европската вселенска агенција (ЕСА) веќе испрати астронаути во Кина во симулатор да се обучат за работа во „Тиангонг“, очекувајќи го завршувањето на изградбата.

Во почетокот на овој месец, Кина успешно го спушти своето прво моторно возило со тркала, роверот Журонг, на Марс, како само третата земја што го сторила тоа.

Наскоро се очекува возилото да почне да собира податоци за геологијата на Марс, да фотографира и анализира примероци на огромната рамнина од лава на северната хемисфера на планетата за три месеци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе