Нова месечина

Кина ќе лансира „вештачка месечина“ за да заштеди на улично осветлување

Кина планира да лансира своја „вештачка месечина“ до 2020 година со цел да ги замени уличните светилки и да ги намали трошоците за електрична енергија во урбаните области, објавија денес државните медиуми.

Ченгду, град во југозападната провинција Сечуан, развива „сателити за осветлување“, кои ќе светат заедно со вистинската месечина, но се осумпати посветли, според Чајна дејли, прененесе АФП.

Првата вештачка месечина ќе биде лансирана од Хичанг центарот за лансирање сателити во Сечуан, а уште три други ќе следат во 2022 година, доколку првиот тест е добар, рече Ву Чунфенг, раководителот на Тиан фу њу ериа сајанс сосајети, организацијата одговорна за проектот.

И покрај тоа што првото лансирање ќе биде експериментално, сателитите од 2022 година „ќе бидат вистински со голем граѓански и комерцијален потенцијал“, рече тој во интервју за Чајна дејли.

Рефлектирајќи светлина од сонцето, сателитите може да ги заменат уличните светла во урбаните области, заштедувајќи околу 170 милиони долари годишно во трошоци за електрична енергија за Ченгду, доколку вештачките месечини осветлуваат површина од 50 квадратни километри.

Вонземски извор на светлина, исто така, ќе помогне при спасувачки напори за време на катастрофи во зоните каде има прекин на електрична енергија, додаде тој.

АФП не бил во можност да контактира со Ву, ниту со Тиан фу њу ериа сајанс сосајети за да ги потврди известувањата.

Проектот за вештачка месечина на Ченгду е најавен на 10 октомври од страна на Ву на конференција за иновации и претприемништво во Ченгду.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе