Кина гради масивна подземна лабораторија за истражување нуклеарен отпад (ФОТО)

Кина планира во пустината Гоби на длабочина од 560 метри под површината да изгради лабораторија за истражување на нуклеарниот отпад, јавува Си-ен-ен.

Целта на лабораторијата, која ќе се наоѓа во провинцијата Гансу, е проверка колку таа област е соодветна за долгорочно складирање на високо ракдиоактивен отпад произведен во нуклеарните електроцентрали.

Кинеските власти ја избрале провинцијата Ганси бидејќи има идеални услови за складирање на нуклеарен отпад, односно во таа област нема многу сеизмички активности кои можат да предизвикаат дефект или оштетување на објектот и истекување на опасен радиоактивен материјал во подземните води.

Подземното одлагање се смета за најдобро решение за нуклеарниот отпад бидејќи на радиоактивниот материјал му се потребни илјади години да се разгради, смета Светската нуклеарна асоцијација (ВНА). Користеното гориво треба да се спакува во запечатени бакарни резервоари и да се смести во подземни тунели или пештери и потоа, за дополнителна заштита, да се покрие со цемент или бентонит глина.

Кина смета дека нуклеарната енергија е одржлива алтернатива на рудниците за јаглен или зависноста од фосилните горива. Во моментов има околу 45 активни нуклеарни реактори и уште 15 во изградба.

Нуклеарниот отпад засега се складира во базени за ладење во областите каде што се наоѓаат реакторите, но таквиот начин на складирање не е многу сигурен.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе