Роботот на шест тркала беше лансиран во заштитна сонда од вселенската станица Венчанг на ракетата Лонг марч 5, а предвидено е да пристигне во орбитата на Марс во февруари следната година.
Роверот наречен Тјанвен-1 (Прашања до небото) откако ќе пристигне таму уште два до три месеци нема да слета на површината на Марс, што на инженерите ќе им овозможи да ги проценат атмосферските услови на Црвената планета пред да го почнат опасното спуштање.
Оваа стратегија успешно ја користеа американските астронаути во 1970-тите.
Тјанвен-1 е една од трите мисии на Марс во рок од 11 дена.
Обединетите Арапски Емирати во понеделникот го лансираа својот сателит „Хоуп“ („Надеж“) кон Црвената планета, а американската вселенска агенција НАСА за една недела планира на Марс да испрати ровер од нова генерација наречен Персевиренс (Истрајност).
Кинезите за слетување на роверот избраа рамнина во басенот Утопија, сместена северно од екваторот на Марс.
Тјанвен-1 личи на роверите на НАСА Спирит и Опортјунити од 2000 година. Тежи 240 килограми и се движи со помош на соларни панели.
China is ready to launch its Tianwen-1 Mars probe in the coming days, which includes an orbiter, a lander and a rover. So what do they look like? The country unveiled full-sized models of the lander and rover on Wednesday. #ChinaStyle https://t.co/275Tt8tqc2 pic.twitter.com/wyEmRrnkFN
— CCTV (@CCTV) July 23, 2020
На високиот јарбол има камери за снимање што помагаат во навигацијата, а пет дополнителни инструменти ќе придонесат за испитување на карпите и за потрагата по вода и мраз.
Кога станува збор за истражувањето на Црвената планета, скоро половина од сите претходни обиди беа безуспешни.
Првиот обид на Кина да го испрати сателитот „Јингухо-1“ на Марс не успеа затоа што неговиот руски носач престана да работи и се урна во Тихи Океан.
Досега само Американците успеваат да спроведуваат подолги операции на Марс.