Какви тенкови им испрати Русија на Србите? (ВИДЕО)

Руската Федерација ѝ донираше на Србија 30 тенка Т-72МС, а првите веќе стигнаа. Вредноста на донацијата е околу 30 милиони евра.

EPA-EFE

Како што доскорешниот српски министер за одбрана Александар Вулин кажа во мај минатата година пред воената парада во Ниш, кога беше прикажан овој тенк, тенковите Т-72 Србија ги добива како донација во рамки на воено техничкиот договор постигнат меѓу претседателите на Русија и Србија Владимир Путин и Александар Вучиќ. Во рамки на тој договор Србија од Русија, покрај овие тенкови, доби и други оклопни возила – 30 оклопни транспортери БРДМ-2.

Најголемата и најважна новост е фактот што војската на Србија за првпат ќе има тенк со активно-реактивен оклоп.

Тоа се тенкови со можност за лансирање ракети од цевката на топот со калибар од 125 милиметри, а тука е и митралезот од 7,62 милиметри, крај цевката на топот кој го следи вртењето на куполата, како и митралезот со калибар 12,7 милиметри на врвот, кој се движи независно од куполата.

Еден од најпознатите производи на руското вооружување кој го добива Србија ќе има и појак мотор и подобра електроника. Унапредениот Т-72 на бојното поле во Сирија ги потврди своите можности.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе