Јужнокорејски научници тврдат дека не може двапати да се заразите со коронавирусот, тестовите грешат

Оние кои еднаш се заразиле со коронавирусот не можат да заболат по вторпат, истакнуваат јужнокорејски научници.

Експертите се плашеа дека пациентите би можеле да се заразат со коронавирусот два пати – откако дури 10 отсто од оздравените од вирусот во Кина повторно беа позитивни на тестовите по пуштањето од болница.

Меѓутоа, јужнокорејските научници заклучиле дека пациентите кои имале ковид-19 не можат повторно да го добијат по заздравувањето и за тоа се виновни неисправни тестови.

Според јужнокорејскиот централен клинички одбор за контрола на настанувањето на болеста, позитивните резултати кај луѓето кои се негативни на коронавирусот се резултат на „фрагменти“ од вирусот кои лежат во нивните тела, а кои немаат сила да предизвикаат заболување или да заразат други.

Имаше податоци дека вкупно 277 пациенти се повторно заразени, што предизвика страв дека мутациите на вирусот би можеле да ги спречат пациентите да развијат имунитет, што би го искомплицирали и развивањето вакцина и би ја елиминирало можноста за постигнување колективен имунитет.

Сер Патрик Воленс, главниот научен советник на британската влада и професорот Крис Вити, главниот медицински советник на премиерот Борис Џонсон, претходно се обидоа да ја разубедат јавноста дека не може двапати да се заболи од коронавирусот.

Тие тврдеа дека оние кои еднаш го имале вирусот ќе развијат имунитет, а дека е реткост повторно да се добие заразната болест.

Воленс откри дека некои луѓе заболуваат од заразни болести по вторпат, но дека тоа е исклучително ретко и дека нема докази кои би сугерирале дека тоа може да се случи со коронавирусот.

Професорот Вити, пак, објасни дека кај заболувањето, дури и ако не постои долгорочен имунитет, обично постои краткотраен имунитет.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе