Хјунмо-2Б, со дострел од 500 километри

Јужна Кореја тестираше стратегиска балистичка ракета море-земја

Јужна Кореја тестираше стратегиска балистичка ракета море-земја од сопствено производство, јави денес јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

EPA-EFE

Тестот бил извршен минатата недела од нова исто така локално развиена подморница од 3.000 тони, опремена со шест вертикални лансирни цевки, наведува јужнокорејската агенција, повикувајќи се на неименувани воени извори.

Ракетата е варијантата Хјунмо-2Б, со дострел од 500 километри. Планирано е да се произведува во голем број по следната рунда тестови.

Јонхап наведува дека тестирањата на нови ракети треба да придонесат на спремноста на Сеул во одбраната од Северна Кореја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе