Јапонската капсула на Земјата ги донесе примероците од астероидот

По повеќе од 5 милијарди километри, јапонската капсула која се одвои од вселенската сонда Хајабуса 2 ноќеска на Земјата ги донесе драгоцените примероци собрани на астероидот.

EPA-EFE

Јапонската вселенска агенција Јакса објави дека ноќеска по локално време примила радио-сигнали од малата капсула која се спуштила во Австралија.

Капсулата го содржи собраниот материјал кој е стар 4,6 милијарди години, односно од најраната доба на соларниот систем, кажа менаџерот на мисијата Макото Јошикава од агенцијата Јакса.

Сондата Хајабуса 2, со големина на фрижидер, беше лансирана во декември 2014.

Капсулата со примероците влегла во Земјината атмосфера нешто пред 2:30 часот во недела наутро по јапонско време и создала огнена топка слично на паѓачка ѕвезда.

„Конечно се врати по шест години“, кажа коментаторот на јапонската вселенска агенција.

Капсулата слетала во пустина на југот на Австралија каде на област од околу 100 квадратни километри ќе ја најдат со помош на сигналот што го испушта.

Слетувањето на капсулата го означува крајот на мисијата почната во декември 2014 со лансирањето на Хајабуса 2 од Јапонија.

Таа сонда сега ќе се пренасочи кон друг астероид во близина на Земјата на кој треба да стигне за околу 10 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе