Јапонија за прв пат одобри растење на човечки органи во животни

Научници во Јапонија ќе започнат обиди да растат човечки органи во животни, откако добија дозвола од владата за прво такво истражување во земјата.

Врвното - но контроверзно - истражување вклучува имплантирање модифицирани животински ембриони со човечки „индуцирани плурипотентни матични“ (иПС) клетки кои можат да бидат убедени да формираат градбени блокови од кој било дел на телото.

Тоа е прв чекор од долгиот пат до иднината во која човечки органи за трансплантација би можеле да се одгледуваат во животни, предупредија истражувачите.

Истражувањето, предводено од професорот по генетика на Стенфорд универзитетот Хиромицу Накауци, е прво од ваков вид што добило одобрение од владата, откако Јапонија ги смени правилата за имплантирање на човечки клетки во животни.

Јапонија претходно од истражувачите барала животинските ембриони имплантирани со човечки клетки да се терминираат по 14 дена и така да се спречи развојот на ембрионите во животинските утроби.

Но, во март тие ограничувања биле укинати, со што на истражувачите им се овозможило да бараат индивидуални дозволи за истражувачки проекти.

„Беа потребни речиси 10 години, но сега можеме да започнеме со експериментот“, рече Накауци за АФП.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе