Израелско вселенско летало се урна на Месечината (ВИДЕО)

Изралеското вселенско летало Берешит се урна на површината на Месечината по низа технички дефекти при слетување, со што заврши историскиот израелски обид за контролирано слетување на површината на Месечината.

Беспилотното летало повремено имаше проблеми со дефекти на моторот и комуникациите при 20-минутното слетување, соопшти тимот за поддршка.

Берешит, чие име на хебрејски ја означува библиската фраза „На почетокот“, патуваше низ вселената седум недели во повеќе орбити околу Земјата, а минатата недела влезе во гравитацијата на Месечината.

Со последниот маневар во средата вселенското летало влезе во тесната елиптична орбита околу Месечината, која е одалечена меѓу 15 и 17 километри од површината на Земјиниот сателит. Потоа следеше разочарувачкиот крај.

Засега само три земји успеале да извршат „меко слетување“ на површината на Месечината – Соединетите Држави, Советскиот Сојуз и Кина.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе