Израелски научници направија пиво со квасец стар 5.000 години (ВИДЕО)

Група израелски научници употребиле квасец од древни глинени садови, некои стари 5.000 години, користен за правење пиво во библиските времиња и го употребиле да направат модерен пијалак.

Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, од израелската управа за антиквитети, Телавивскиот универзитет и универзитетот Бар-Илан ги проучувале примероците на квасецот од пукнатините на остатоците од тие садови и успеале да направат пиво.

Археолозите им дале садови користени за пиво и медовина, и, на нивно изненадување, квасецот во нив преживеал илјадници години и можел успешно да се користи.

Професорот Јувал Гадот од Телавивскиот универзитет кажа дека на Рамат Рахел, најголемото персиско наоѓалиште во Јудејското кралство, биле најдени голем број ќупови со буквите Ј Х Д (согласките од зборот Јехуд).

Тој истакна дека на кралско место како тоа веројатно се консумирал алкохол во домот на персискиот гувернер.

Тие садови датираат од времето на владеењето на египетскиот фараон Нармер (околу 3000 година пред нашата ера) до арамејскиот крал Хазаел (800 години пред нашата ера) и пророкот Нехемиј (400 години п.н.е.) кои, според Библијата, управувале со Јудеја под власта на Персијците.

Истражувачите го секвенцирале целиот генетски код на секој примерок на квасец и му ги дале на д-р Амир Ситенберг на анализа.

Тој открил дека културите на квасецот стари 5.000 години се слични на квасецот на модерното пиво и на оние кои се користат во традиционалните африкански пијалаци како етиопската медовина.

Израелскиот експерт за пиво Илја Гутман им помогнал на научниците да направат пијалак кој бил пофален од меѓународни дегустатори.

Јуцак Паз од израелската управа за антиквитети кажа дека ова е првиот проект од овој вид и дека станува збор за вистински пробив бидејќи за првпат успешно е направен древен алкохолен пијалак од древен квасец, односно од оригиналните супстанци од кои бил правен алкохолот, а тоа досега не се случило.

Ронен Хазан од Хебрејскиот универзитет оцени дека проектот има важни последици што го надминуваат едноставниот пијалак, односно дека големото чудо е што квасецот преживеал илјадници години.

Тој кажа дека благодарение на тоа се дознало каков бил вкусот на древното пиво, додавајќи дека не е лош и оценувајќи дека станува збор за истражување важно за областа на експерименталната археологија која тежнее да го реконструира минатото.

Пивото бил вообичаениот пијалак на луѓето кои живееле во древни Египет и Месопотамија.

Во раните египетски текстови се алудира на разни видови, вклучувајќи „железно пиво“, „пријателско пиво“ и „заштитничко пиво“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе