Израелска компанија тврди дека создала технологија што ги уништува канцерогените тумори

Дифузната радијациска терапија со алфа-емитери е минимално инвазивна процедура, по која здравото ткиво наводно е неповредено.

Израелска компанија вели дека развила насочено зрачење, за кое тврди дека може да лечи канцерогени тумори.

„Првпат во историјата може да се лечат цврсти тумори“ со алфа-зрачење, изјави за Тајмс оф Израел извршниот директор на Алфа тау медикал, Узи Софер.

Технологијата наречена Дифузна радијациска терапија со алфа-емитери, или ДаРТ, користи игла за инјектирање радиоактивно семе во туморите, кое ослободува високоенергетска доза радијација, која го уништува туморот. Здравото ткиво околу туморите останува неповредено.

Постапката е минимално инвазивна и може да се изврши со локална анестезија за два или помалку часа, соопшти компанијата. Софер изјави за Тајмс дека тоа е слично „како да одите на стоматолог“.

 

Како функционира?

Радиоактивните семиња Алфа ДаРТ се вбризгуваат во туморот, каде што мора да останат најмалку две недели.

„Во процесот на распаѓање, радиум-224 ги ослободува своите кратковечни атоми со алфа-емитери во туморот“, според веб-страницата на компанијата. „Со дифузија и конвекција, овие атоми се распрснуваат во терапевтски значаен опсег од неколку милиметри, предизвикувајќи висока доза зрачење во туморот“.

Софер изјави за Тајмс дека вбризганата содржина е биокомпатибилна и може засекогаш да остане во внатрешниот орган.

Тој рече дека ова може да се користи „за лекување каков било цврст тумор“, додавајќи дека истото може да се користи истовремено со други третмани за канцер.

„Во моментов, имаме докази за сквамозни карценогени клетки и имаме 12 протоколи што ги развиваме низ целиот свет за лекување пациенти со различни цврсти тумори“, изјави Софер.

 

Дали има несакани ефекти?

Не се забележани сериозни несакани ефекти за време на клиничките испитувања, рече портпаролката на компанијата, Сара Џенерт, која додаде дека сите „несериозни“ несакани ефекти „беа решени во рок од еден до два месеци“.

Зошто досега не се користел овој тип радиоактивен материјал? Алфа-честичките се смртоносни за канцерогените клетки, но имаат краток полуживот, што значи дека честичките се несоодветни за лекување рак, според веб-страницата на компанијата.

Откако ќе се употреби системот, телото учи „што да најде, а што да уништи“, рече Софер.

 

Дали се почнати клиничките испитувања?

Клиничките испитувања врз луѓе почнаа во почетокот на 2017 година. Првпат биле тестирани на повеќе од 6.000 животни.

Во моментов постојат две клинички испитувања за сквамозни канцерогени клетки на главата, вратот и кожата, кои се вршат во Израел и во Италија.

Софер изјави за Тајмс дека прелиминарните резултати од испитувањата биле „сензационални“.

Сите испитаници-пациенти реагирале на третманот и туморите исчезнале кај 73 проценти од нив.

 

Што друго?

Компанијата соопшти дека третманот може да го научи имунолошкиот систем на лицето да ги препознава и да ги уништува нездравите клетки.

„Канцерогените клетки знаат како да се 'скријат' од имунолошкиот систем, но туморската аблација, што е она што го прави терапијата на компанијата, може да предизвика формирање на тумор-специфични антигени, кои потоа можат да бидат препознаени од имунолошкиот систем“, рече Џенерт.

Алфа тау медикал, исто така, соработува со центрите за канцер низ целиот свет.

„Се молиме и веруваме дека до следната година ќе го имаме првото одобрение во Европа, а потоа ќе добиеме одобрение во САД и Јапонија, со многу јасен план за секоја земја“, изјави Софер за Тајмс.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе