Може да биде опремен со две автоматски пушки, камери и сензори

Израелска компанија претстави вооружен робот за патролирање на границите (ВИДЕО)

Во Израел денес беше претставен вооружен робот на далечинско управување кој може да патролира во борбените зони, да му влезе во трага на непријателот и да отвори оган.

Скриншот Јутјуб

Заговорниците на таквите полуавтоматски машини велат дека ѝ овозможуваат на војската да ги заштити своите припадници, додека критичарите предупредуваат дека тоа е нов опасен чекот кој ќе доведе до тоа роботи да одлучуваат за животот и смртта.

Со роботот на погон на четири тркала управува електронски таблет, а може да биде опремен со две автоматски пушки, камери и сензори, како и да собира разузнавачки податоци за копнените трупи, да ги снабдува, да превезува ранети војници и да изведува напади врз блиски мети.

Тоа е најусовршеното возило без екипаж кое во последните 15 години го произвеле ЕЛТА системи под контрола на државната Аеровселенска индустрија на Израел.

Израелската војска во моментов користи помало, но слично возило наречено Јагуар за патролирање долж границата на појасот Газа и помага во одржувањето на блокадата на таа територија која Израел ја воведе во 2007 година.

Во појасот Газа живеат околу два милиони Палестинци, а блокада истата година наметна и Египет, па граничната област често е место на протести и повремени обиди на палестинските екстремисти и работници да се уфрлат во Израел.

Возила без екипаж сè повеќе користат и други војски – американската, руската и британската, а нивната задача вклучува логистичка поддршка, отстранување на мините и отворање оган.

Таблетот може рачно да го контролира возилото, но многу функции, вклучувајќи го движењето и системот за надгледување, можат да работат самостојно.

Критичарите предупредија дека таквото оружје може да одлучува самостојно и можеби погрешно да гаѓа цели. Израелската компанијата кажа дека таква можност постои, но не им се нуди на клиентите.

Бони Доерти од Хјуман рајтс воч кажа дека таквото оружје загрижува бидејќи не може, меѓу другото, да разликува цивили од војници.

„Машините не можат да ја сфатат вредноста на човечкиот живот, што всушност го поткопува човечкото достоинство и ги крши законите за човековите права“, кажа Доерти, професор на Харвард која претходно повика целосно да се забрани автоматското оружје со меѓународното право.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе