Екипажот со шлем како во Ф-35

Израел претстави прототип на „паметен“ тенк

Израел претстави прототип на оклопно возило на иднината, таканаречен „паметен“ тенк.

Екипажот ќе носи шлемови слични на оние што ги носат пилотите на авионите Ф-35. Можно е, мешутоа, овие оклопни возила да можат да се користат и без екипаж за извршување на најопасните задачи на боиштата.

Воената опрема се модернизира, се подобруваат борбените возила, а особено внимание ѝ се посветува токму на техниката која работи независно од човекот, или активно му помага. Денес веќе не станува збор само за вообичаените беспилотни летала, туку и за подморници, па дури и тенкови. Техниката на далечинско управување не се крие пред куршумите и без страв јуриша во огнот.

Тенковите беа замислени со оклопот да го заштитат екипажот, кој се наоѓа во нив. Тоа извесно време беше од помош, но набрзо се појави противтенковското оружје, кое е во состојба да го уништи секое оклопно возило.

Според официјалните податоци, за време на Втората светска војна биле уништени 96.500 советски тенкови и нешто повеќе од 30.000 германски тенкови. Нормално дека и човечките жртви биле огромни.

Во последните децнии тенковите поприлично напредуваа и се модернизираа.

Израел сега претстави нови „паметни“ тенкови – три верзии на прототипот на борбената машина на иднината – „кармељ“. По изгледот и вооружувањето (користи топ со калибар од 30 милиметри), тоа е пред сѐ борбено возило на пешадијата. Екипажот го сочинуваат две лица и се опремени со десетици камери, радари и сензори. Тенкистите веројатно ќе може да се менуваат – и двата члена на екипажот ќе може да управуваат со возилоо и да вршат извидување, како и да ги користат оружјето и останатата опрема.

Произведувачи на „паметните“ тенкови се три компании – Израелската воздухопловна индустрија, Рафаел и Елбит Марахот.

Тенковите се опремени со најнова технологија, која обезбедува преглед на теренот од 360 степени, што го овозможуваат бројните сензори.

Екипажот на борбената платформа преставена од компанијата Елбит Марахот ќе добие шлемови „ајрон вижн“, а информациите ќе се појавуваат на нивните екрани. Такви шлемови користат и пилотите на американскиот борбен авион од петтата генерација Ф-35.

Компанијата Рафаел користи „стаклена кабина“, благодарение на која екипажот ги добива информациите од опкружувањето.

Инженерите на Израелската воздухопловна индустрија претставија системи кои ќе ги прикажуваат податоците и на големите панорамски екрани, како и на личните дисплеи на операторите.

Може да се каже дека најнапредните достигнувања на науката и технологијата, кои претходно се применуваа само во најскапите оружени системи, денес сѐ повеќе се користат при развојот на обичната копнена техника.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе