Објектот во градот Рамла, меѓу Тел Авив и Ерусалим, свечено е отворен синоќа, но се очекува со работа официјално да почне подоцна во текот на годината, кажа портпаролката на МДА.
„Да се прими трансфузија на крв, незаменлив дар од целосен странец, е важен потсетник на тоа дека од сега можеме да се чувствуваме безбедни благодарение на овој импресивен нов центар“, кажа израелскиот претседател Исак Херцог.
Националната банка на крв е изградена за да „ги заштити израелските стратегиски важни резерви на крв од ракетни, хемиски и биолошки напади, како и земјотреси“, се наведува во објавата на МДА. Зградата има шест спрата, од кои три се подземни.
Во новиот објект би требало да се чуваат околу половина милион единици крв, објави Ерусалим пост.
Во минатото итните служби биле приморани да го прекинат процесот на дарување крв за време на ракетни напади и да ги преместуваат резервите крв во засолништа.
„Овој центар ќе му овозможи на МДА да спаси неброени животи во војна и во мир“, кажа Кетрин Рид, главната извршна директорка на компанијата.
Новата зграда има специјални дебели зацементирани ѕидови и бројни заштитни механизми во случај на напад со биолошко или хемиско оружје.