Излечен втор пациент од сида, пресвртница во глобалната епидемија

Научниците долго време се обидуваа да ја повторат постапката што доведе до првото долгорочно излекување пред 12 години. Со таканаречениот „лондонски пациент“ се чини дека успеале.

Вторпат од почетокот на глобалната епидемија, се чини дека пациент е излечен од инфекција со ХИВ-вирусот, кој предизвикува сида.

Вестите доаѓаат скоро 12 години од денот кога беше излечен првиот пациент, подвиг што истражувачите долго време се обидуваа и не успеваа да го повторат. Изненадувачкиот успех сега потврдува дека излекувањето на ХИВ-инфекцијата е можно, иако е тешко, велат истражувачите.

Обата случаи се резултат на трансплантација на коскена срж што им се дава на заразените пациенти. Но со трансплантите намерата била да го лекуваат ракот кај пациентите, а не ХИВ.

Трансплантацијата на коскената срж во блиска иднина веројатно нема да биде реална опција за лечење. Сега се достапни моќни лекови за контрола на ХИВ-инфекцијата, додека трансплантациите се ризични, со силни несакани ефекти што можат да траат со години.

Но „вооружувањето“ на телото со имуни клетки слично модифицирани за да му се спротивстават на ХИВ-вирусот би можело да успее како практичен третман, велат експертите.

„Ова ќе ги инспирира луѓето дека лекот не е сон“, вели д-р Анемари Венсинг, виролог во Универзитетскиот медицински центар Утрехт во Холандија. „Тој е достапен.“

Новиот пациент решил да остане анонимен, па научниците го нарекуваат „лондонскиот пациент“.

„Чувствувам одговорност да им помогнам на лекарите да дознаат како тоа се случило за да ја развијат науката“, вели тој во мејлот до Њујорк тајмс.

Кога дознал дека може да се излечи и од ракот и од сидата, се чувствувал „надреално“ и „преемотивно“, додава тој. „Никогаш не мислев дека ќе најдат лек за време на мојот живот“.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе