Аполо 8

Изгревање на Земјата во 1968 (ВИДЕО)

На 24 декември 1968 година членовите на екипажот на Аполо 8 станаа првите луѓе што ја напуштиле нашата планета и отпатувале до друго тело во вселената. Но, како што подоцна рекоа членовите на екипажот Френк Борман, Џејмс Ловел и Вилијам Андерс, најважното нешто што го откриле била Земјата.

Користејќи фотомозаици и податоци од Лунарниот извиднички орбитер (ЛРО), ова видео го одбележува историскиот лет на Аполо 8 со рекреирање на моментот кога екипажот првпат ја видел и ја фотографирал Земјата како се издигнува од зад Месечината. Нараторот Ендрју Чаикин, автор на „Човек на Месечината“, поставува триминутна визуализација на глетката и од внатрешноста и од надворешноста на вселенското летало, придружено со звукот на гласовите на астронаутите.

Објавено

Понеделник, Декември 24, 2018 - 09:11

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе