Истражување: Пиењето чај би можело да го намали ризикот од развој на дијабетес од типот 2

Испивањето најмалку четири филџани чај дневно би можело да го намали ризикот од развој на дијабетес од типот 2, сугерира нова студија. Студијата покажала дека секојдневното испивање на црн, зелен или на улун-чај е поврзано со 17 отсто понизок ризик од дијабетес во просечно 10 години.

Фото: ЕПА

Испивањето еден до три филџани чај дневно го намалува ризикот за четири отсто. Резултатите се претставени на годишниот состанок на Европското здружение за проучување на дијабетесот во Стокхолм, а се засновани врз прегледот на 19 студии со кои се опфатени повеќе од еден милион луѓе.

„Нашите резултати се возбудливи зашто сугерираат дека луѓето можат да прават нешто толку едноставно како што е испивањето четири филџани чај дневно за потенцијално да го намалат ризикот од развој на дијабетес од типот 2“, рече главната авторка Сиајинг Ли од Универзитетот за наука и технологија Вухан во Кина.

Претходното истражување покажало дека чајот би можел да биде корисен за здравјето, делумно затоа што содржи антиоксиданси и полифеноли, кои можат да штитат од болеста. Но научниците се согласуваат дека за да се намали ризикот од дијабетесот од типот 2, луѓето првенствено треба да ја контролираат својата тежина, бидејќи дебелината е главна причина за развој на дијабетесот од типот 2.

Кога истражувачите направиле системски преглед на постојните студии до септември 2021 година од осум земји, анализата покажала дека секој филџан чај дневно го намалува ризикот од развој на дијабетес од типот 2 за приближно за еден отсто.

Наодите се потврдиле независно од тоа каков бил видот на чајот што го пиеле луѓето, дали биле мажи или жени и без оглед на тоа каде живееле. Сиајинг Ли рече дека се покажало дека чајот го намалува ризикот, но само тогаш кога се пие во прилично големи количества. „Можно е одредени компоненти на чајот, како што е полифенолот, да го намалат нивото на глукозата во крвта, но можеби е потребно доволно количество од тие биоактивни споеви за да има ефект“, додаде таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе