Истражување: Антителата не се единствен доказ дека сме го преболеле коронавирусот

Антителата на новиот коронавирус не треба да се гледаат како единствен доказ дека некој го преболел ковид-19, објавија научници од универзитетската болница во Стразбур, предупредувајќи дека потпирајќи се само на откривањето на антителата може да се лиши увидот во вистинските размери на епидемијата.

Тимот проучувал девет потврдени случаи на заболени со ковид-19 со лесна слика на болеста од седум семејства и осум други членови на нивните домаќинства кои последователно развиле симптоми на ковид-19.

Кај шест од осумте контакти на изворните пациенти, симптомите се појавиле во рок од еден до седум дена по симптомите кај првата група пациенти.

Кај сите пациенти во првата група се развиле антитела, покажала анализата на нивната крв по закрепнувањето. Кај сите нив, и до 69 дена по првите симптоми, се откриени Т-клетките - клучна компонента на имунолошкиот систем, која може да го открие и нападне коронавирусот.

Но, членовите на семејството кои последователно се разболеле, според тестовите, не развиле антитела. Шест од осумте имале други клетки на имунолошкиот систем во крвта што укажувале на тоа дека биле заразени - и до 80 дена по првите симптоми имале Т-клетки.

„Одговорот на Т-клетките може да биде почувствителен показател за изложеност на вирусот САРС-КоВ-2 од антителата“, објавија научниците во понеделникот во неревидиран труд.

„Нашите резултати укажуваат на тоа дека епидемиолошките анализи, кои се потпираат исклучиво на антителата при откривањето на вирусот, може да доведат до значително потценување на степенот на изложеност на вирусот“.

Резултатите од истражувањето се објавени од Мед-ер-ексајви, која била основана од универзитетот Јеил, Медицинскиот журнал БМЈ и лабораторијата Колд спринг харбор.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе