Антарктик

Истражувачи нурнаа на длабочина од 1.000 метри во Јужниот Океан (ВИДЕО)

Телевизиската емисија Планета Земја (Planet Earth) е позната по своите прекрасни снимки од природата, а овој пат истражувачкиот тим на Алусија продакшнс со најсовремена подморница нурна на длабочина од 1.000 метри во Јужниот Океан.

Во новата епизода снимена за Би-би-си истражувачите го снимија океанскиот живот и биолошката разновидост на коралните гребени. Лидерот на тимот Марк „Бак“ Тејлор кажа дека подморниците можат да нурнат до 3.200 стапки, односно речиси 1.000 метри длабочина.

Видливоста од самата подморница е одлична, што се должи на новините во споредба со традиционалниот дизајн, тврдат од тимот на Алусија продакшнс.

„Никој од нас не очекуваше наоѓање на нешто претерано, но останавме вџашени од количеството живот што го најдовме во длабочините на Јужниот Океан“, кажа Тејор и даде интересна споредба – во еден квардат од Јужниот Океан има повеќе живот отколку на Големиот корален гребен во Австралија, најголемиот во светот.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе