Исплови првата пловечка нуклерка во светот, Гринпис ја вика „нуклеарниот Титаник“ (ВИДЕО)

Првата пловечка нуклеарна централа во светот исплови денес од арктичкото пристаниште Мурманск, за да ги снабдува со струја најодалечените региони на Русија.

Нуклеарната електроцентрала „Академик Ломоносов“, која ја разви руската државна нуклеарна компанија Росатом, тргна на пат долг 5.000 километри низ води на Арктикот за да стигне до Чукотската област која од Алјаска ја дели Беринговиот Мореуз, пренесува Ројтерс.

Централата на нуклеарен погон ќе ја замени електроцентралата на јаглен, како дотраена централа која со струја ги снабдува над 50.000 жители на градот Певек.

Централата до Певек ќе ја влечат три реморкери, а пристигнувањето се очекува на крајот на септември, јавува Би-би-си.

Една од задачите на централата е и напојување со струја на рударскиот комплекс Чаун-Билибин, во рамки на кој има и рудници на злато, но и на нафтените платформи во рускиот Арктик. Постои и идеја да се приклучи на погон за десалинизација, за производство на вода за пиење, што би им било од корист на многу островски држави.

„Искористеното високо радиоактивно гориво ќе остане на бродот“, соопшти Росатом и истакна дека централата е безбедна и дека може да служи како нов извор на енергија за најизолираните заедници на светот, иако еколозите изразуваат загриженост поради ризикот од нуклеарни инциденти.

Организацијата за заштита на животната средина централата ја нарече „нуклеарен Титаник“.

Рашид Алимов од проектот на Росатом изјави за Ројтерс дека централата не е развиена со цел да ги задоволи енергетските потреби на Чукотка, туку како модел за потенцијалните странски купувачи.

„Академик Ломоносов“ тргна на своето патување во момент на растечка загриженост околу нуклеарната енергија, особено по експлозијата во северна Русија месецов, кога пет научници на Росатом ги изгубија животите, а инцидентот предизвика зголемено ниво на радијација.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе