Според државната телевизија

Иранската револуционерна гарда го лансираше првиот воен сателит, стигнал во орбитата

Иранската Револуционерна гарда го лансираше првиот воен сателит, соопшти иранската државна телевизија, додавајќи дека тој стигнал во орбитата.

„Првиот ирански воен сателит Ноор беше лансиран утринава, на 22 април, од централен Иран во две фази. Лансирањето беше успешно и сателитот ја достигна орбитата“, соопшти телевизијата.

Иран во последните месеци имаше неколку неуспешни обиди за лансирање.

Лансирањето се случува во ек на големи тензии меѓу Техеран и Вашингтон околу иранската нуклеарна и балистичка програма откако иранскиот воен командант, генералот Касем Сулејмани, беше убиен во американски напад со дрон во Багдад на 3 јануари.

„Овој потег ќе биде голем успех и претставува нов развој во вселенската сфера за Иран“, истакна телевизијата.

Лансирањето е извршено нешто повеќе од два месеци по неуспешното лансирање на разузнавачкиот сателит Зафар на 9 февруари.

Тогаш реагираше Франција, кој ја осуди операцијата поради тоа што личи на „балистичките“ технологии кои се користат за носење на нуклеарно оружје.

Париз тогаш го повика Иран да ги почитува своите меѓународни обврски.

Техеран истакнува дека неговата вселенска програма не е за воени цели.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе