Среде тензиите со САД

Иран претстави нов дрон кој може да лоцира и уништи мети далеку од државните граници (ВИДЕО)

Иран го претстави „киан“, нов прецизен дрон кој може да лоцира и нападне мети одалечени од државните граници, соопштија власти во Техеран.

Бригадниот генерал Алиреза Сабахифард го покажа беспилотното летало на церемонија во престолнината Техеран, соопштувајќи дека може да лета повеќе од 1.000 километри и да се искачи на висина до 5.000 метри, пренесуваат иранските медиуми.

Дронот со млазен мотор има две верзии спосбни за „набљудувачки и разуанавачки мисии и непрекинат лет за прецизни мисии“, пренесе денес државната агенција ИРНА.

Сабахифард кажа дека леталото било дизајнирано, произведено и тестирано од експерти на иранските воздухопловни сили за околу една година. Иран разви голема домашна индустрија на оружје поради меѓународните санкции и ембарга кои му забрануваат да увезува бројни оружја и технологии.

„Беспилотното летало е способно да напаѓа мети далеку од иранските граници и да ја предизвикува противвоздушната одбрана на непријателска територија“, кажа иранскиот бригаден генерал.

Претставувањето на дронот доаѓа во време на растечки тензии со Соединетите Држави, кои ескалираа минатата година кога американскиот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор од 2015 потпишан меѓу Иран и светските сили.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе