Иран има цел куп тајни бункери полни со оружје, ги викаат „градови на ракети“

Иран поседува голем арсенал крстосувачки ракети скриени во тајна мрежа планински бункери и подземни бази.

Таканаречените ирански „градови на ракети“ кријат големи резерви оружје и Иран е спремен да ги употреби „во случај непријателите да направат грешка“.

Бригадниот генерал Ами Али Хаџизадех, командант на дивизијата на Револуционерната гарда одговорна за воздушниот простор, изјави: „Мораме да го штитиме својот арсенал на соодветен начин. За тоа размислуваме од 1984 година, кога почнавме да ги набавуваме ракетите“.

„Пред да го увеземе првото оружје од овој тип, веќе имавме изградено подземни тунели. Сега тоа се градови на ракети, скриени во планините. Во многу софистицирани тунели ја чуваме муницијата, а во нив се скриени и бази за лансирање и други инструменти, како и воениот персонал кој работи со нив. Нашите непријатели се загрижени бидејќи овие места се надвор од нивниот досег. Во случај да направат грешка, ракетните бази ќе еруптираат од внатрешноста на земјата како вулкан“, додаде тој.

Верскиот лидер на Иран ајатолахот Али Камнеи повика на изградба на уште понапредно и помодерно оружје: „Оружјето мора да биде модерно и во согласност со современиот напредок на воената технологија. Треба да го развиеме во својата земја. Треба да развиваме и произведуваме сопствено оружје. Непријателскиот пристап на САД ја зајакнува нашата Револуционерна гарда“.

Се проценува дека Иран има најмалку 10 тајни бази, од кои иранската телевизија прикажа една од најголемите: утврдена подземна база изградена од армиран бетон и полна со ракети.

Иранската ракета „шахаб-3“, позната под името „комета“, може да достигне цели на одалеченост од 1.000 километри.

Се верува дека иранските власти купиле ракети од Северна Кореја, која ги развива со цел гаѓање американски мети на и од Корејскиот Полуостров.

Водечките луѓе на западните разузнавачки служби веќе долго време се сомневаат дека Иран својата клучна инфраструктура, оружените системи и воената опрема ја преселил во подземни бункери и планински бази, при што западни извори тврдат дека „Иранците знаат дека во случај на напад на нивната држава главни цели би ни биле воздушната одбрана, магацините за оружје и центрите на стратегиска комуникација. Кој и да го нападне Иран, знае дека вистинските мети за напад ќе биде тешко да се најдат“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе