Индиското летало што носи месечински ровер успешно влезе во лунарната орбита

Индија успешно го внесе своето вселенско летало „Чандрајаан-2“, кое носи ровер, во лунарната орбита, надминувајќи една од последните пречки за историското слетување на лендерот Викрам на неистражениот јужен пол на Месечината.

Поради големите ризици поврзани со подвигот, за високософистицираното маневрирање беа потребни големи инженерски способности и прецизни пресметки од научниците од Индиската организација за истражување на вселената (ИСРО).

Тимот мораше да го забави леталото точно на вистинската брзина за да ја заврши сложената работа од овој сегмент на мисијата, кој е еден од поризичните. Премногу брзото приближување кон лунарната орбита ќе предизвикаше вселенското летало да отскокне во длабоката вселена, додека малата брзина ќе резултираше со уривање на Месечината затоа што леталото немаше да може да ги совлада нејзините гравитациони сили, објасни ИСРО.

Чандрајаан-2 сега ќе изврши неколку маневри во орбитата пред на 7 септември да се обиде да изврши меко слетување на лунарната површина. Доколку биде успешно, Индија ќе биде четвртата земја што слетала на Месечината, по САД, СССР и Кина.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе