Индиската лунарна мисија ја објави првата слика од површината на Месечината (ФОТО)

Индиската организација за истражување на вселената ја објави првата слика на Месечината, во сиот нејзин сипаничав сјај, направена во рамките на нејзината лунарна мисија Чандрајан2.

Фотографијата е направена на околу 2.650 км од лунарната површина, додека вселенското летало орбитираше околу Месечината во средата. Кратерите Аполо и басенот Маре Ориентале може да се видат на фасцинантната, детална фотографија.

Чандрајан2 влезе во лунарната орбита на 19 август по лансирањето на 22 јули. Се очекува лендерот и орбитерот да слетаат во близина на јужниот пол на сателитот околу 6 септември, со што Индија ќе стане четврта земја што го сторила тоа по Кина, Русија и САД.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе