Индија тестираше ракета со долг дострел што може да носи нуклеарна боева глава

Индија го спроведе четвртото успешно тестирање на „агни-5“, својата ракета со најголем дострел што може да носи нуклеарна боева глава, соопштија властите.

Интерконтиненталниот балистички проектил со дострел од 5 илјади километри беше тестиран трипати од 2012 година, а денешниот тест е последниот пред да биде вклучен во индискиот нуклеарен арсенал.

Ракетата била лансирана од островот Калам во Бенгалскиот Залив, источно од индискиот брег, соопшти Маниш Бардвај, портпарол на Агенцијата за истражување и развој на одбраната.

Ракетите „агни“ со среден и долг дострел се клучен дел од индиската програма за одвраќање на регионалните ривали како Пакистан и Кина.

„Успешното лансирање на агни-5 предизвикува гордост кај секој Индиец. Таа ќе ѝ даде голема сила на нашата стратегиска одбрана“, напиша на Твитер индискиот премиер Нарендра Моди.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе