Пред слетувањето на Чандрајан-2

Индија пушти нови фотографии од површината на месечината (ФОТО)

Вселенското летало „Чандрајан-2“ на Индија испрати нови слики од површината на Месечината, полна со кратери, само неколку недели пред леталото да се спушти на неистражениот јужен пол на природниот сателит на Земјата.

Фотографиите се направени од над 4.000 километри над површината на Месечината, а беа објавени во понеделникот од Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).

Тие опфаќаат голем број значајни лунарни знаменитости, вклучувајќи ги кратерите Сомерфелд, Џексон, Мах, Королев и Митра и регионот на северниот пол.

Кратерите Сомерфилд и Кирквуд

Чандрајан-2 моментно орбитира околу Месечината, изведувајќи маневри во склоп на подготовките за своето слетување на месечината на 7 септември.

Кратерите Џексон, Мах, Митра и Королев.

Откако ќе слета во регионот на јужниот пол, ќе испушти мал ровер на соларна енергија, Прагјан. За време на 14-дневниот животен век, се очекува роверот да помине половина километар од лендерот, фотографирајќи и собирајќи податоци.

Доколку мисијата биде успешна, Индија ќе биде четвртата земја што слетала на Месечината, по САД, СССР и Кина.

Објавено

Понеделник, Август 26, 2019 - 20:43

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе