„Закана за интегритетот и суверенитетот“

Индија ја забрани употребата на Тик ток и уште 50-тина кинески апликации

Индија ќе ги забрани Тик ток и уште неколку други познати кинески апликации бидејќи, како што тврдат, претставуваат „закана за интегритетот и суверенитетот“ на нивната држава, пренесува Си-ен-ен. Ова е продолжување на ескалацијата на тензиите меѓу двете нуклеарни сили.

EPA-EFE

Индиското министерство за електроника и информациски технологии објави дека добиле многу поплаки за злоупотреба и пренос на кориснички податоци од 59 апликации на сервери надвор од Индија. И иако од индиското министерство не ја спомнаа директно Кина, оваа забрана доаѓа по воените тензии меѓу двете држави поради граничниот конфликт во кој загинаа најмалку 20 индиски војници.

Освет Тик ток меѓу забранетите апликации се видео играта Клеш оф кингс, апликацијата за разменување пораки Вичет, социјалната мрежа Веибо и фото-апликацијата Кемскенер.

Популарната апликација Тик ток, чиј сопственик е кинескиот технолошки џин Бајтденс, има околу 120 милиони корисници во Индија. Освен тоа, за Бајтденс во Индија работат околу 2.000 луѓе.

Затоа изгледа дека овие забрани нема да бидат лесни за применување. Кина доминира со индискиот интернет пазар кој има 600 милиони корисници. Кинеските компании како Сјаоми, Опо, Виво и Уанплус држат повеќе од половина од пазарот на паметни телефони. А кинеските гиганти како Алибаба и Тенсент се најголемите инвеститори во најважните индиски стартап компании.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе