Индија го загуби контактот со леталото што требаше да слета на месечината

Уште една индиска мисија на месечината пропадна откако беше загубена комуникацијата со вселенското летало Викрам неколку минути пред очекуваното слетување во неистражена лунарна област.

„Спуштањето одеше според планот и сè беше нормално до висина од 2,1 километри над лунарната површина. Тогаш беше загубена врската помеѓу контролната соба на Земјата и вселенското летало. Податоците сè уште се анализираат“, објави денеска претседателот на индиската организација за истражување на вселената Каиласавадиво Сиван.

Неговата кратка изјава беше објавена 15 минути откако леталото според распоредот требаше да слета во неистражена област во близина на Јужниот пол на месечината. Два часа подоцна, портпаролот рече дека податоците сè уште се обработуваат и дека закажаната прес-конференција е откажана.

Леталото е целосно автоматизирано и не беше контролирано од Земјата.

Индискиот премиер Нарендра Моди беше во центарот за набљудување на мисијата, а откако се загубија комуникациите, ги тешеше депримираните научници: „Вие сте гордоста на Индија. Дадовте сè од себе“.

Мисијата вредна 142 милиони американски долари наречена „Чандрајан-2“ (Месечинско возило-2) почна од базата во јужна Индија на 22 јули. Беа лансирани две летала, а внатре во она што требаше да слета на површината на месечината беше сместено возило. Научниците беа свесни дека мекото слетување ќе биде најделикатниот дел од мисијата.

Доколку мисијата беше успешна, Индија ќе станеше четвртата земја на која ѝ успеало меко спуштање на месечината и ќе им се придружеше на Соединетите Држави, Русија и Кина. Беа планирани мапирање на досега неистражената област околу Јужниот пол, испитување на составот на тлото и потрага за вода.

Од мисијата остана леталото во орбитата на Месечината, кое би требало да остане таму и нареднава година да испраќа фотографии.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе