Има ли шанси Оумуамуа да е сонда на вонземјани?

Во 2017 година астрономите го забележаа мистериозниот меѓуѕвезден објект „Оумуамуа“. Сега, една нова научна  студија на професорот Абрахам Лоеб од Харвард сугерира дека погонот ѝ е на светлина - па може ли таа да биде вонземјанска сонда?

Што е Оумуамуа?

„Оумуамуа значи 'гласник од далечина' или 'извидник што дошол прв', на хавајски. Тоа е првиот објект откриен во Сончевиот систем што доаѓа од далечната вселена. Ова го знаеме бидејќи тој се движи премногу брзо за да биде гравитационо поврзан со Сонцето.

 

Што е толку необично во него?

Се чини дека има екстремна форма, која е пет до 10 пати подолга отколку што е широка, врз основа на рефлектираната сончева светлина. Ако светлината се одразува совршено, тој има големина од најмалку 20 метри; ако не, тогаш тој е долг стотици метри. Значи, тој не изгледа како ниеден астероид што некогаш сме го виделе.

Тој, исто така, отстапува од орбитата што би ја очекувале врз основа на гравитацијата на Сонцето, и тоа се должи на некоја дополнителна сила што влијае врз него. Кај кометите, таквата сила ја дава испарувањето на мразот на површината. Но околу објектот го нема опашот што го има кај кометите и, згора на тоа, би очекувале значителен дел од неговата маса да испари за да го даде потребниот погон. Освен тоа, објектот ротира на секои осум часа - неговиот период на ротација ќе се менуваше ако беше погонуван од ракетниот ефект на испарувањето на комета.

 

Како објектот дошол до нас?

Во научниот труд во суштина се објаснува дополнителниот погон што го има ако го турка сончевата светлина - радијацискиот притисок. Исто како што бродот на едра се движи напред поради одразот на воздухот од ветерот, така и светлината пушта сила кога се рефлектира од површината. Значи можеби плови на светлина, бидејќи е малку веројатно природно да се создаде тенка структура во меѓуѕвездениот простор или протопланетарниот диск (прашината и гасот од кои потоа се формираат планетите).

 

Дали навистина може да биде вонземјанска сонда?

Да, тоа е една можност, дека може да е од вештачко потекло. Може да е некоја нефункционална технолошка опрема, може да е на извидничка мисија. Ние (луѓето) сега развиваме технологија на светлински погон, па можно е некоја друга цивилизација веќе да ја совладала оваа технологија.

Луѓето размислуваат за мисија на следење и фотографирање на овој објект, но тој се движи побрзо од хемиските ракети, па затоа треба да развиеме поспособна технологија. Еден поедноставен пристап би било да се бараат други објекти од ист тип.

 

Дали Оумуамуа ќе ја смени астрономијата?

Дефинитивно отвора нова граница за истражување. Традиционалниот начин на потрага по вонземска интелигенција е со барање сигнали. Ова е само уште еден начин, потрага по вселенски остатоци, пребарување на небото во потрага по објекти што може да бидат артефакти на други цивилизации. Самото откривање на овој објект е изненадување, бидејќи се потребни илјада трилиони објекти исфрлени од секоја ѕвезда во галаксијата Млечен Пат за ние да можеме случајно да видиме еден.

Извор: Саенс фокус

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе