Илон Маск сака да ги поврзе нашите мозоци со компјутери (ВИДЕО)

За Илон Маск во последно време има главно негативни вести – од неговите планови Тесла, која бележи рекордни загуби, да ја повлече од берзата, наводното спречување да се основа синдикат, неговите непоткрепени обвинувања дека британскиот спасувач на Тајланд е педофил, до неговото пушење марихуана во поткаст по што по којзнае кој пат паднаа акции, а двајца менаџери поднесоа оставки.

Но во истиот поткаст кај популарниот водител и комичар Џо Роган Маск изнесе многу интересна најава која привлече многу помалку внимание од неговиот џоинт. Неговиот проект Неуралинк, тврди самиот Маск, наскоро ќе најави нов производ кој ќе може да ги поврзува нашите мозоци со компјутери.

„Мислам дека ќе имаме нешто интересно за објавување за неколку месеци... Нешто подобро отколку што кој било верува дека е можно. Во најдобар случај, практично ќе се стопиме со вештачка интелигенција“, му кажа Маск на Роган, и тоа пред да го запали џоинтот. Со други зборови, ќе дојдеме до „симбиоза“ со вештачката интелигенција, практично станувајќи „киборзи“.

Сепак, според Маск, тоа не е толку голем скок колку што изгледа на прв поглед, бидејќи веќе сме практично поврзано со своите паметни телефони, значи веќе сме киборзи, тврди Маск. Ова само дополнително ќе го забрза протекот на информации, односно бендвитот, меѓу нас и компјутерите во нашите мобилни, што ќе нѐ направи неспоредливо паметни во споредба со денес.

„Тоа ќе му овозможи на секој што сака да има суперчовечки познавања. На секој што тоа го сака. Колку сте паметни со мобилниот или компјутерот или без нив? Всушност, многу сте попаметни. Можете на кое било прашање да одговорите помалку или повеќе веднаш. Можете да се присетите без грешка. Вашиот телефон може совршено да ги запамти фотографиите и снимките. Вашиот телефон е продолжение на вас. Вие сте киборг“, објасни Маск.

„Повеќето луѓе не сфаќаат дека веќе сме киборзи. Проблемот е во тоа што брзината на податоците е многу, многу спора. Тоа е како ситна сламка на информациски тек меѓу вашето биолошко јас и вашето дигитално јас. Мораме да ја претвориме таа сламка во џиновска река, голем интерфејс со голем бендвит“, заклучи Маск.

Технологијата за која зборува Маск на почетокот беше замислена како средство за олеснување на мозочните заболувања. Маск го основа Неуралинк со осум партнери, а досега не зборуваше многу за плановите зад овој проект.

Станува збор за импресивна, но причино контроверзна најава на претприемачот и иноватор за кој понекогаш изгледа дека амбициите му се поголеми од можностите. Но ако најавата се оствари, Маск би можел да почне вистинска револуција во компјутерската технологија, поголема и од онаа која со Спејсекс ја почна во областа на вселенските летови.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе