Илон Маск нуди 100 милиони долари за најдобра технологија за фаќање јаглерод

Шефот на Тесла, претприемачот Илон Маск, на Твитер вети 100 милиони долари награда за развој на најдобрата технологија за фаќање на емисиите на јаглерод диоксид.

EPA-EFE

„Донирам 100 милиони долари награда за најдобрата технологија за фаќање јаглерод“, напиша Маск, по што следеше втор твит во кој вети повеќе детали следната недела.

Коосновачот на компанијата Пејпал, која ја продаде, денес предводи некои од најфутуристичките компании во светот. Освен Тесла, тој е на чело на компаниите Спејсекс и Неуралинк, стартап кој се бави со поврзување на мозокот со компјутери.

Фаќањето на емисиите кои ја загреваат планетата станува критичен дел на многу планови во борбата против климатските промени, но до денес е постигнат многу мал напредок во технологијата, со напорите насочени кон намалување на емисиите, а не на отстранување на јаглеродот од воздухот.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) порача на крајот на минатата година дека е потребен радикален пораст во примената на технологијата за фаќање на јаглеродот ако земјите сакаат да ги постигнат целите на нето емисиите на гасови на нула.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за фаќање на јаглеродот како дел од својот опсежен план за борбата против климатските промени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе