Нова студија

Игнорирањето на климатските ризици ќе резултира со светска криза - каква што досега не сме виделе

Екстремното време би можело да предизвика голема економска рецесија низ целиот свет, но ние сè уште ги потценуваме тие ризици, предупредува ново истражување.

„Ако пазарот не се приспособи повеќе на климата, може да имаме рецесија каква што никогаш досега не сме виделе“, рече Пол Грифин, професор по сметководство на Школата за менаџмент на универзитетот Дејвис, кој е автор на „Енергетското финансирање мора да го земе предвид ризикот од екстремните временски услови“.

Во трудот, објавен во списанието Нејчр енерџи, тој истакнува дека финансиските пазари не го поврзуваат физичкиот климатски ризик со пазарните процени на компаниите. Една од клучните пораки на извештајот е дека постои висок „непроценлив ризик“ на пазарот на енергија, што е токму она што ја предизвика големата рецесија во 2008 година.

„Во моментов, енергетските компании носат голем дел од тој ризик. Пазарот треба подобро да го процени ризикот и да го земе предвид ризикот од екстремно време во цените на хартиите од вредност“, објасни тој.

Претерано високите температури во Европа и во САД минатото лето, на пример, се штетни не само за здравјето на луѓето, туку и „го кочат економскиот раст“ со предизвикување проблеми како што се пожарите, кои можат сериозно да влијаат на синџирот на снабдување, вклучително и на испораката на енергија и вода. Така, природните непогоди претставуваат закана за бизнисите и на крај може да го нарушат целиот економски систем.

Друг проблем е што некои клучни објекти, како нафтените рафинерии на бреговите на американскиот залив, може да бидат изложени на бури или поплавувања, додека енергетските компании лоцирани во сушните области може да бидат погодени од пожари, забележува авторот на студијата.

„Додека моделите на климатски ризик може да им помогнат на некои фирми и организации подобро да ги разберат идните услови што им се припишуваат на климатските промени, ризикот од екстремни временски услови сè уште е многу проблематичен од гледна точка на процена на ризикот“, пишува тој.

Друга студија, објавена од Светскиот фонд за животински свет (ВВФ) овој месец, предупреди дека глобалниот економски раст ќе биде погоден од губењето на природата. Авторите заклучиле дека ако светот продолжи со „вообичаениот бизнис“, губењето на неколку природни придобивки ќе доведе до пад од 0,67% на годишниот светски БДП до 2050 година и ќе го чини светот околу 10 трилиони долари. САД, кои по стапувањето на Доналд Трамп на функцијата претседател одбиваат да се зафатат со климатските проблеми, ќе претрпат најголеми загуби на годишниот БДП во апсолутна смисла, губејќи 83 милијарди долари секоја година до 2050 година, според извештајот на ВВФ.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе