На патниците да им се овозможи чувство на безбедност

Иднината на аеродромите – самоуслужна и технологија без допир (ВИДЕО)

Со пандемијата на ковид-19 која не успорува, аеродромите низ светот размислуваат за промена на работењето која ќе им пружи на патниците чувство на безбедност и заштита од болеста.

EPA-EFE

Поради намалениот број патници, трошоците се намалуваат во сите сфери освен во таа.

„Без оглед на тоа како ќе изгледа новото нормално, сѐ повеќе ќе се потпира на самоуслужување“, вели шефот на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт Шон Донохју за Ројтерс.

Аеродромот во соработка со авио-компанијата Американ ерлајнс, чие седиште е на тој аеродром, тестира самоуслужно предавање на багажот и нови технологии во тоалетите кои исклучуваат физички допир со уредите, од држачите за сапун, до казанќето и држачот за хартија за бришење раце. Сензорите на тие уреди ќе им јавуваат на вработените кога треба да ги дополнат.

„Најмногу приговори од патниците се добиваат за користењето на тоалетите“, вели Донохју.

Далас тестира три технологии за предавање на багажот. Тој аеродром е еден од најпрометните во светот делумно и благодарение на тоа што Американ ерлајнс го одбра за главен сообраќаен јазол.

Минатата година аеродромот Далас воведе биометриски систем во кој лицето на патникот служи како пропусница за качување на авион за меѓународни летови, а сега развува слична технологија за пристигнување на патниците во соработка со американската гранична полиција и царината.

Делта ерлајнс го отвори првиот биометриски терминал во Атланта 2018, а некои европски и азиски аеродроми исто така почнаа да користат технологии кои се засновани на препознавање лица.

Тоа предизвика загриженост околу нарушувањето на приватноста.

Аеродромот Далас тестира и нови технологии во сферата на дезинфекцијата вклучувајќи ултравиолетово зрачење кое ги уништува микробите пред да влезат во системот на клима-уредите.

„Технологијата е пресудна бидејќи може да биде многу ефикасна“, вели Донохју, но додава и дека е важно патниците да видат со свои очи што се случува бидејќи тоа влева доверба.

Аеродромот Далас во новите технологии вложи милиони долари.

Аеродромот бележи раст на сообраќајот па на 11 јули низ него минаа 114.000 патници, за разлика од април кога имаше просечно околу десет илјади патници.

Далас тестира и технологија за мерење на тампературата на вработените која не вклучува луѓе, но тоа сѐ уште не е планирано за патниците.

Мајкл Дејвис, кој ја води програмата за нови технологии на Лондон бизнис скул, вели дека токму воведувањето нови технологии ќе биде најголемата промена на сите аеродроми бидејќи патниците ќе бараат помалку простор и ќе трошат помалку време на купување и оброци на аеродромите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе