Обемна студија на американскиот Национален институт за здравство

И официјално: прекумерното гледање во екран неповратно го оштетува мозокот на децата

Истражувачите откриле „поинакви шари“ при скенирањата на мозоците кај деца што долго време седат пред смарт-уреди и играат видеоигри.

Најголемите сомнежи на родителите за ефектите од предолгото седење пред екран на нивните потомци делумно се потврдени со прелиминарните резултати од новата студија, а ефектите може да бидат и повеќе штетни отколку што се сомневавме.

Децата што поминуваат повеќе од два часа пред екранот секој ден постигнуваат помал резултат на тестовите по јазик и мислење, според најраните резултати од студијата од американскиот Национален институт за здравство. Првата серија податоци од студијата ќе бидат објавени идната година, но како првичен наод, овие резултати се загрижувачки, со оглед на тоа што просечниот „твинејџер“ (возраст од 10 до 13 години) поминува до 6 часа дневно на својот телефон или таблет.

Во студијата за когнитивниот развој на адолесцентите на Институтот се испитуваат 11.874 деца, на возраст од 9-10 години, меѓу кои и 2.100 близнаци или тројки. Тие ќе бидат следени до раните зрели години на 21 истражувачка локација низ САД.

Не сите првични резултати можат целосно да се разберат додека истражувачите не добијат повеќе податоци. На пример, децата што поминуваат повеќе од седум часа дневно пред екран доживуваат преурането тенчење на кортексот во споредба со нивните „нетехнолошки“ врсници. Кортексот е последниот слој на мозокот, местото на сензорен влез и на функциите од повисок ред што веројатно нè прават луѓе. На прв поглед ова преурането тенчење би изгледало како уште една причина за паника.

Но истражувачите предупредија дека не можеме да извлечеме дефинитивни заклучоци од овој наод - корелацијата не подразбира причинско-последична врска, што значи дека тенчењето може да биде предизвикано од нешто друго освен од долго време на екранот. „Не знаеме дали тоа е лоша работа“, вели директорката на студијата Гаја Доулинг, објаснувајќи дека таквото тенчење обично се поврзува со мозок позрел од оние на 9 и 10-годишните експериментални субјекти, и не е познато што значи тоа за помладиот мозок.

„Она што можеме да го кажеме е дека вака изгледа мозокот на дете што поминува долго време пред екран. А и не е само една шара“, вели д-р Даулинг.

Не ги чекаат сите научници резултатите за да издадат упатства за родителите на мали деца. Американската академија за педијатрија препорачува родителите целосно да избегнуваат користење на дигиталните медиуми, освен видеоразговор, кај децата под 18 до 24 месеци. Д-р Димитри Кристакис, водечки автор на овие упатства, објаснува дека бебињата не го пренесуваат она што го прават на екранот во реалниот свет.

„Ако му дадете на детето апликација на која си игра со виртуелни блокови и ги реди, а потоа ставате вистински блокови пред него, тоа почнува отпочеток“, рече тој за 60 минути. „Тие не го пренесуваат знаењето од дводимензионалното во тридимензионалното“.

Според една национална анкета на Комон сенс медиа, тинејџерите поминуваат во просек по 4,5 часа на ден на своите телефони. Фејсбук и Инстаграм неодамна воведоа функции што им овозможуваат на корисниците да го следат времето поминато на апликациите. Новиот оперативен систем на Епл овозможува ограничување на времето.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе