Хеликоптерот на НАСА слета на Марс (ФОТО)

Минихеликоптерот Инџенуити на НАСА е спуштен на површината на Марс како подготовка за неговиот прв лет, соопшти американската вселенска агенција.

Фото: Твитер

Ултралесното летало беше фиксирано на роверот Персевиренс, кој слета на црвената планета на 18 февруари.

„Потврдено приземјувањето на хеликоптерот на Марс!“, објави на Твитер во саботата Лабораторијата за млазен погон на НАСА.

„Неговото патување на 293 милиони милји (471 милион километри) на @NASAPersevere заврши денес со последното спуштање од 10 сантиметри од роверот до површината на Марс. Следниот подвиг? Да ја преживее ноќта“.

Фотографијата од твитот покажа дека Персевиренс го испуштил хеликоптерот на површината.

Инџенуиту се напојуваше од електроенергетскиот систем на Персевиренс, но сега ќе мора да ја користи сопствената батерија за клучниот грејач за да ги заштити своите незаштитени електрични компоненти од замрзнување и пукање за време на острата марсовска ноќ.

Во следните неколку дена тимот на Инџенуити ќе проверува дали соларните панели на хеликоптерот работат правилно и ја полнат батеријата пред да ги тестираат неговите мотори и сензори пред првиот лет.

Инџенуити се очекува да го направи својот прв обид за лет не порано од 11 април, објави на Твитер лабораторијата за млазен погон.

Инџенуити ќе се обиде да лета во атмосфера што е еден процент од густината на Земјината, што го отежнува подигнувањето - но ќе му помогне гравитацијата, која е една третина од таа на нашата планета.

Првиот лет ќе се состои од искачување со брзина од околу еден метар во секунда до висина од три метри, лебдење таму 30 секунди, а потоа спуштање назад на површината.

Инџенуити додека лета ќе прави фотографии со висока резолуција.

Во текот на месецот се планираат до пет лета со постепено зголемување на тешкотијата.

Развојот на роторното летало од 1,8 килограми НАСА ја чинеше околу 85 милиони американски долари и тоа се смета за доказ за концептот што може да направи револуција во истражувањето на вселената.

Идните летала би можеле да се движат многу побрзо од роверите и да истражуваат многу понерамни терени.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе