Хеликоптерот на Марс го заврши вториот пробен лет (ВИДЕО)

Хеликоптерот на НАСА Инџенуити, кој се наоѓа на Марс, во четвртокот го изврши вториот успешен пробен лет, кревајќи се од местото наречено „Поле на браќата Рајт“ во кратерот Језеро. Се искачи на висина од 5 метри во ултраретката атмосфера на Марс, поднавалувајќи се на едната страна, а потоа се спушти, по летот што траеше 52 секунди.

Фото: ЕПА

Боб Баларам, главен инженер на проектот „Инџенуити“ вреден 80 милиони долари во Лабораторијата за млазен погон во Пасадена, Калифорнија, рече дека телеметријата на хеликоптерчето што тежи 2 килограми укажува дека летот ги исполнил сите цели на тестот и помага да се потврдат компјутерските модели пред летот, како одраз на реалните услови на Марс.

Беспилотното летало овојпат се крена околу два метри повисоко од првиот пробен лет во понеделникот.

„Хеликоптерот застана, лебдеше во место и се вртеше за да ја насочи својата камера во различни насоки“, изјави Хавард Грип, главниот пилот на Инџениути. „Потоа се врати назад кон центарот на полето за да слета.“

„Звучи едноставно, но има многу непознати во врска со летањето хеликоптер на Марс. Затоа сме тука, за да ги откриеме овие непознати“.

Кратко видео снимено од камера на блискиот ровер Персевиренс го покажува Инџенуити како лебди во воздухот.

Планирани се до пет пробни лета, секој потежок од претходниот. Во својот последен планиран лет, Инџенуити може да се искачи дури 9-10 метри или да премине стотина метри од точката на полетување.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе