Сепак не е мртва

Хабл направи слика преполна со ѕвезди во нашиот галактички сосед (ФОТО)

Хабл, иновативниот вселенски телескоп што во орбитата се наоѓа од 1990 година, направи неверојатна слика од фасцинантна галаксија што ѝ е сосед на нашава.

Месје 110 е член на „Локалната група“ - име на група од околу 50 галаксии, вклучувајќи ги и Млечен Пат и неколку други блиски до неа. Таа е позната како „џуџеста елиптична галаксија“ поради нејзината мазна и скоро безлична структура, според НАСА.

Џуџестите елиптични галаксии обично се сметаат за „мртви“ затоа што во нив не се формираат нови ѕвезди и тие содржат претежно стари ѕвезди. Сепак, можеби за Месје 110 играта сè уште не е завршена: астрономите во нејзиниот центар пронајдоа знаци на млади, сини ѕвезди, кои потенцијално ќе ѝ го продолжат животот на галаксијата.

Хабл во 2021 година треба да биде заменет со најсовремениот наследник наречен вселенски телескоп Џејмс Веб, уред од 9,7 милијарди американски долари што го развија НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција. Тој ќе ја преземе надлежноста за проучување на формирањето на ѕвездите и галаксиите, како и потрагата по живот на други планети. 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе