Во соѕвездието Лав

Хабл направи прекрасна фотографија од спирална галаксија со блескави нови ѕвезди

Телескопот Хабл направи спектакуларна фотографија од една од најмоќните глетки на вселената, спирална галаксија во сиот нејзин вителен раскош.

Моќниот орбитален телескоп ја истражува галаксијата НГЦ2903 и Европската вселенска агенција (ЕСА) неделава ја објави оваа блескава слика. Зашеметувачката спирала се наоѓа на неверојатни 30 милиони светлосни години во соѕвездието Лав.

Фотографијата опфаќа неколку региони што формираат ѕвезди што блескаат со розовкаст сјај.

Галаксија се проучува како дел од обемното истражување на телескопот на околу 145 дискови галаксии. Надежта е дека студијата ќе го расветли односот помеѓу галаксиите и црните дупки што демнат во нивниот центар.

Вселенската агенција во прилог на фотографијата објави и лирско соопштение за спиралните галаксии: „Овие небесни објекти што ја грабаат светлината ги комбинираат вителните вртимушести краци со расфрланите блескави ѕвезди, сјајните распрскани гасови и мрачните исплетени патеки од космичка прашина, создавајќи навистина прекрасни сцени“.

Речиси три четвртини од сите галаксии во универзумот се во форма на спирала. Главни одлики на овие галаксии се краците полни со сончеви системи и други карактеристики.

И за нашата галаксија Млечен Пат се сметаше дека е спирална сè до 1960-тите, кога беше преквалификувана во пречкеста спирала. Ова значи дека во суштина таа е спирална галаксија со посебна централна пречка, како и спирални краци.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе