Хабл направи неверојатна фотографија од експлозивен бран од супернова во соѕвездието Лебед

Вселенскиот телескоп Хабл испрати безброј фасцинантни фотографии во текот на својата 30-годишна мисија. Најновиот пример е една неверојатна слика на експлозивен бран на супернова, на далечина од околу 2.600 светлосни години од Земјата.

Силната експлозија на ѕвезда се случила во соѕвездието Лебед, кога ѕвездата на умирање била уништена. Ѕвездата била околу 20 пати поголема од нашето сонце, а нејзината разорна смрт најверојатно се случила пред 10.000 до 20.000 години.

Прекрасната фотографија прикажува само мал дел од експлозивниот бран што останува по неверојатниот астрономски настан. Во милениумите откако експлодирала суперновата, остатоците се распрснале до растојание од 60 светлосни години од нејзиниот центар.

Интересно, остатоците продолжуваат да се распрснуваат со импресивна брзина од 350 километри во секунда. Кога ѕвездениот шрапнел од експлозијата ќе се измеша со меѓуѕвезден материјал со мала густина, се создава прекрасна структура слична на превез, доловена на фотографијата.

Во 1991 година Хабл сними друга фотографија на експлозивен бран од супернова во Лебед, уловувајќи и мал дел од остатоците.

Објавено

Недела, Септември 6, 2020 - 18:47

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе