НГЦ 2022

Хабл направи хипнотизирачка слика од далечна планетарна маглина (ФОТО)

Вселенскиот телескоп Хабл е непресушен извор на подароци: меѓународниот тим што го управува уште еднаш сподели навистина фасцинантна слика од вселената, овој пат од планетарна маглина.

Ретка глетка што успеало да биде снимена, овој конкретен објект, именуван НГЦ 2022, веројатно нема да трае долго (вселенски гледано), бидејќи старата ѕвезда во нејзиниот центар изгледа дека веќе исфрлила огромно количество од својот материјал, формирајќи ги двете школки видливи на сликата.

Пронајдена во соѕвездието Орион (Ловецот) оддалечено 8.213 светлосни години од Земјата, НГЦ 2022 најверојатно има исцрпено најголем дел од своите резерви на водород и веќе се проширила и почнала да блеска црвено, што укажува дека крајот е близу, бидејќи преостанатиот гас е испуштен.

Во меѓувреме, јадрото на ѕвездата се намалува и станува сè потопло, испуштајќи огромни количества ултравиолетова светлина, која ги осветлува испуштените гасови, давајќи им прогонувачки, но прекрасен сјај.

Познати како планетарни маглини, и покрај тоа што немаат никаква врска со планети, името всушност потекнува од заоблениот и планетоиден облик на овие објекти кога првпат беа забележани од примитивните телескопи пред многу години. НГЦ 2022 беше откриена во 1785 година од познатиот британски астроном Вилијам Хершел.

Ваквите планетарни маглини обично не траат долго, барем според космичките стандарди, ширејќи се по околу десет илјади години пред полека да почнат да се трошат и зад себе оставаат бело џуџе.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе