Гугл објавува извештаи за движењето на населението поради борбата против коронавирусот

Гугл објави извештаи од 131 држава за тоа дали се намалиле посетите на продавниците, парковите и другите места на собирање во март, откако голем број влади наредија останување дома за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Анализата на податоците на Гугл за локацијата на милијарди корисници на паметни телефони е најголемиот сет податоци достапен на здравствените власти за тоа дали луѓето ги почитуваат мерките на карантин.

Извештаите се во форма на графикони со посети на подземните железници, автобуските или железничките станици, продавниците и другите места во период од пет недели.

За некои држави како Соединетите Американски Држави, Гугл објави и регионални податоци.

Податоци со невладини истражувачи во неколку држави сподели и Фејсбук кој, како и Гугл, има неколку милијарди корисници. Но таа социјална мрежа не ги објави јавно.

Коронавирусот низ светот зарази повеќе од милион луѓе, а од болеста ковид-19 според податоците на Ројтерс умреа 52 илјади луѓе.

Епидемиолозите истакнуваат дека анализата на движењето според возраст, приходите и другите демографски податоци би можела да ги приспособи мерките на властите кон граѓаните.

Гугл, кој собира демографски податоци за време на користењето на неговите услуги, тврди дека не известува за демографските податоци, но дека е отворен за пружање дополнителни информации во следните извештаи.

„Овие извештаи се развиени за да помогнат, а со почитување на нашите строги протоколи околу приватноста“, напишаа докторката Каред Десалво, шефица на Гугл за здравје, и Џен Фицпатрик, потпретседателка на Гугл ГЕА, во форма на блог.

Гугл истакнува дека ги објавил извештаите за да избегне какви било нејаснотии за тоа што им предава на властите, додека во светот трае расправата за рамнотежата меѓу приватноста и потенцијалот на користењето на технологиите за борбата против вирусот.

Држави како Кина, Сингапур и Јужна Кореја од своите државјани бараат да користат апликации и други технологии за да го контролираат нивното почитување на карантинот, но активистите тврдат дека тоа ги загрозува нивните индивидуални слободи.

Извештаите на Гугл ги користат податоците од корисниците кои овозможиле пристап до локацијата на своите мобилни телефони. Корпорацијата истакнува дека усвоила технолошки мерки кои обезбедуваат во извештаите да не може да се идентификува ниту еден поединец.

Компанијата не сакаше да открие дали добила некакво правно барање за подетални информации за борбата против ширењето на заразата.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе