Гугл мапираше дел од човечкиот мозок до најситни детали

Компанијата Гугл учествуваше во создавањето на досега најдеталната мапа на врските во човечкиот мозок. Мапата покажува фасцинантно количество детали, вклучувајќи обрасци на врските меѓу невроните, како и нешто што може да наликува на нов вид нервни клетки.

Screenshot: Google

Мапата на мозокот, која е бесплатно достапна на интернет, прикажува 50.000 клетки во три димензии кои создаваат 130 милиони синаптички врски. Податоците изнесуваат 1,4 петабајти, што е отприлика 700 пати поголем капацитет на меморија од просечниот модерен компјутер.

„Оваа карта е толку полна со податоци што експертите сè уште не стигнале детално да ја истражат“, кажа експертот Вирен Јаин од Гугл.

„За првпат ја гледаме реалната структура на толку голем дел од човечкиот мозок“, кажа биологот Кетрин Далак од Универзитетот Харвард.

Проектот на мапирање на мозокот го почнал Џеф Лихтман од Универзитетот Харвард откако за целите на истражувањето добил дел од мозокот на 45-годипна жена со епилепсија отпорна на лекови. На Пациентката ѝ е отстранет левиот хипокампус, кој бил изворот на нејзините напади. Хирурзите потоа морале да отстранат и одреден дел од здравото мозочно ткиво кое го покривало хипокампусот.

Лихтман и неговите колеги веднаш го конзервирале примерокот од мозокот, а потоа го обоиле со тешки метали, како осмиум за под електронски микроскопт да можат да ги видат надворешните мембрани на секоја клетка. Потоа исекле дел од мозокот на делови дебели околу 30 нанометри, што е отприлика илјадити дел од дебелината на човечкото влакно, и со електронски микроскоп го сликале секој дел, пишува Њу сајентист.

Потоа работата ја презеле Јаин и неговите колеги од Гугл, составувајќи ги дводимензионалните делови во тридимензионален волумен. Користеле вештачка интелигенција за да ги реконструираат деловите кои ги поврзуваат невроните и за да ги означат различните типови клетки.

Научниците за време на постапката длабоко во кортексот нашле тајни парови на неврони.

„Двете клетки беа насочени во спротивна насока на иста оска. Никој не знае зошто“, кажа Лихтман.

Јаин и Лихтман биле дел од групата која во 2020 се заложила за мапирање на целиот мозок на глушец на слично ниво на деталност.

„Целиот мозок на глушецот е само 1.000 пати поголем од овој, ексабајт наместо петабајт. Претпоставувам дека тоа е нешто што ќе можеме да го направиме за десет години“, кажа Лихтман.

За мапирање на целиот човечки мозок е потребно количество податоци кое е уште 1.000 пати поголемо. Лихтман наведува дека таа база на податоци била „споредлива со количеството дигитална содржина кое во текот на годината се генерира на Земјата“.

Најдеталната мапа на дел од мозокот можете да ја погледнете тука.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Google

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе