Гугл ерт и големата дупка во Русија која може да вшмука хеликоптер (ВИДЕО)

Гугл ерт откри некои од најубавите дестинации низ светот. Иако теоритачите на заговори и обожавателите на вонземјани наоѓаат и голем број „докази“ за своите тврдења, често постојат и научни објаснувања. Голема дупка, која води длабоко во земјата, е забележана кај градот Мирњија во рускиот сибирски регион Јакутија. Се зборува дека дупката е толку длабока што може да вшмука хеликоптер поради силниот воздушен вртлог.

Отворената јама на рудникот Мир е во експлоатација од 1957 година, откако советски научници откриле огромен дијамант во земјата. Меѓутоа, поради екстремните климатски услови, што значи дека земјата е смрзната повеќе од половина од годината, рударењето е отежнато и опремата смрзнува. Во зима температурата се спушта и до -50 Целзиусови степени. Најблискиот град е одалечен 250 километри.

И покрај тоа, во 60-тите години рудникот давал по 10 милиони карати дијаманти годишно. Според Би-би-си, рудникот Мир до денес произвел дијаманти во вредност од 10 милијарди фунти. Рудникот е длабок 525 метри, што го прави четврт најдлабок во светот, а отворот на површината е широк 1.200 метри.

Наводно воздушниот простор над рудникот е затворен за летови. Интернет старницата Атлас обскура тврди дека причината за тоа се „неколку инциденти во кои летала биле вшмукани од воздушна струја“. Иако немало извештаи за несреќите, објаснувањето со воздушниот вртлог има смисла, затоа што топлиот воздух кој излегува од јамата наидува на ладен воздух. Тоа може да ги оневозможи хеликоптерите да прелетуваат преку дупката, односно да предизвика губење на висината над самата дупка.

Рудникот бил затворен во 2004 година, а производството престана три години претходно. По крахот на Советскиот Сојуз на почетокот на 90-тите, Мир беше во сопственост на приватна компанија. Иако отворениот коп престана со работа, експлоатацијата продолжи во подземјето. Минатата година во рудникот навлезе вода и оневозможи излез на 100 рудари. И покрај спасувачката мисија, четворица рудари поради поплавите не беа најдени. Поради несреќата би можело да трпи последици и производството на годишно ниво.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе