Што е со Антарктикот?

Губењето на мразот од Арктикот е загрижувачко, но будењето на јужниот џин може да биде уште полошо

Рекордниот почеток на летното топење мраз во Гренланд оваа година го насочи вниманието кон северната ледена покривка. Ќе мора да почекаме да видиме дали 2019 година ќе продолжи да ги соборува рекордите во топење на мразот, но долгорочните трендови на губење на мразот на Арктикот, кој брзо се загрева, веќе се познати. Но што е со другата ледена страна на планетата?

Антарктикот е леден џин во споредба со својот северен пандан. Водата замрзната во гренландската ледена покривка е еквивалентна на околу 7 метри потенцијално зголемување на нивото на морето. Во антарктичката ледена плоча во моментов се заробени околу 58 метри зголемување на нивото на морето.

Како и Гренланд, антарктичката ледена плоча го губи мразот и придонесува за неверојатно глобално зголемување на морското ниво. Но постојат загрижувачки знаци дека Антарктикот се менува побрзо од очекуваното, и тоа на места за кои претходно се мислеше дека се заштитени од брзи промени.

 

Заканата одоздола

На Антарктичкиот Полуостров, најсеверниот дел од антарктичкиот континент, температурите на воздухот во минатиот век се зголемуваа побрзо од кое било друго место во јужната хемисфера. Летното топење веќе се случува на Антарктичкиот Полуостров помеѓу 25 и 80 дена секоја година. Бројот на деновите на топење ќе се зголеми за најмалку 50% кога глобалното затоплување наскоро ќе го достигне лимитот од 1,5 ℃ што е договорен со Парискиот договор, а според некои предвидувања, во деновите на топење ќе има и до 150% пораст.

Но главната закана за антарктичкиот мраз не доаѓа одозгора. Она што се заканува навистина да го трансформира овој огромен леден континент лежи под него, каде што загреаните океански води (и големиот капацитет за движење на морската вода) имаат потенцијал да го топат мразот со невидена брзина.

Антарктичката ледена покривка има слаба точка. На некои места ледената плоча се наоѓа под нивото на морето. Ова го доведува мразот во директен контакт со топлите океански води, кои брзо го топат мразот и ја дестабилизираат покривката.

Научниците одамна се загрижени за потенцијалната слабост на мразот во Западен Антарктик поради неговиот длабок контакт со океанот. Оваа загриженост беше опишана во првиот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) уште во 1990 година, иако исто така се сметаше дека во овој век нема да има значителни загуби на мраз од Антарктикот. Од 1992 година сателитите го следат статусот на антарктичката ледена плоча и сега знаеме дека не само што е во тек губење на мразот, туку и дека го губиме со забрзана стапка.

Последните процени покажуваат дека 25% од мразот на Западен Антарктик сега се нестабилни и дека загубата на мраз во Антарктикот се зголемила за пет пати во текот на изминатите 25 години. Ова се неверојатни бројки ако се има предвид дека само во Западен Антарктик се заробени повеќе од 4 метри глобално зголемување на нивото на морето.

 

Другиот тип на мраз

Морскиот мраз се формира и плови на површината на поларните океани. Намалувањето на арктичкиот мраз во последните 40 години е едно од највидливите влијанија врз климатските промени на Земјата. Но последниве години ни покажаа дека однесувањето на антарктичкиот морски мраз е понепознато и потенцијално понестабилно.

Обемот на морскиот мраз околу Антарктикот постепено се зголемува со децении. Ова е спротивно на очекувањата од климатските симулации и се припишува на промените во структурата на океанот и менувањето на ветровите што кружат на антарктичкиот континент.

Но во 2015 година количеството на морскиот мраз околу Антарктикот почна нагло да опаѓа. За само 3 години Антарктикот го изгуби истото количество морски мраз што Арктикот го загуби за 30 години.

Досега во 2019 година, морскиот мраз околу Антарктикот е во близина или под најниските снимени нивоа од 40 години сателитско следење. На долг рок овој тренд се очекува да продолжи, но таквиот драматичен пад во текот на само неколку години не беше предвиден.

Сè уште има многу да се научи за тоа колку брзо Антарктикот ќе реагира на климатските промени. Но постојат многу јасни знаци дека ледениот џин се буди и, преку глобалното зголемување на нивото на морето, ни доаѓа во посета. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе