Голема пајажина прекри брег во Грција (ФОТО+ВИДЕО)

Топлите временски услови во Грција предизвикаа спектакуларна и малку морничава глетка: пајажина долга 300 метри.

Огромна област на џбунеста вегетација и палмини стебла во лагуната во местото Аитолико е прекриено со пајажината, јавува грчкиот портал Дејли Хелас. Жителите велат дека ова е првпат да видат ваков феномен.

Експертите велат дека ова е сезонски феномен кој го предизвикуваат пајаците тетрагната, кои можат да изградат големи гнезда за парење.

Се смета дека на драстичното зголемување на популацијата на пајаците придонело и наглото зголемување на бројот на комарците. Професорката по биологија и генетика на универзитетот Демокрит, Марија Кацаки, за грчкиот портал Њузит кажа дека високите температури, доволната влажност и обилната храна создаваат идеални услови за репродукција на овој вид во големи бројки.

„Изгледа дека пајаците ги користат поволните услови и се забавуваат. Се парат, размножуваат, создаваат нова генерација. Овие пајаци не се опасни за луѓето и не предизвикуваат штета на флората. Пајаците уште малку ќе се забавуваат и ќе умрат“, заклучува експертката.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе